Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја потресе Словачка во 20 часот и 23 минути по локално време.

Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил на десет километри од градот Стропково.

„Се тресеа креветите и масите“, „Траеше 6-7 секунди“, „Бев во кревет и се тресеше, а телевизорот на ѕидот се мрдаше“, се дел од коментарите на граѓаните кои го почувствуваа земјотресот. Луѓето ги напуштија домовите.

Земјотрес со јачина од 6.2 степени пред два дена го погоди Авганистан, каде се уништени 12 села и има над 2.000 жртви.