– Особено сум горда што во Петровец имаме жена кандидатка за градоначалничка. Како жена политичар сум горда на секоја жена што успешно чекори и се бори и во политиката и во животот. Овде во Петровец ја имаме вашата, нашата Елизабета Зелениковска, кандидатка за градоначалничка и советничка листа предводена од Ацо Јосифовски. Тим кој што ветува и победува, затоа што Социјал демократскиот сојуз и коалицијата ја имаат најдобрата програмска и кадровска понуда, рече на трибината во општина Петровец заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
Петровец, рече Лукаревска, е општина која што ги има сите услови да се развива брзо и да им понуди на своите жители нови можности.
– На Петровец му се потребни ново лице, нов имиџ, нови проекти, нов поттик за локален развој.Покрај централните политики, покрај успесите на меѓународен план, четири години интензивно вложувавме во општините, за да постигнеме што е можно порамномерен развој. Владата предводена од СДСМ во изминатите 4 години инвестираше 16 милиони евра во 45 километри патна инфраструктура во општина Петровец. Обезбедивме 600 илјади евра за развој на локалната патна мрежа за периодот од 2021 до 2024 година.Со поддршка на централната власт е направена обнова и реконструкција на греењето во основното училиште, се реализирани проекти за подобрување на комуналната инфраструктура, ги поддржуваме младите и жените земјоделки. На 17 Октомври одиме во нова победа, заедно, победа за општина Петровец, победа за побрз развој, победа за подобар живот за сите. Важни се овие избори, за да направиме разлика и во општина Петровец. Важни се за секоја општина, за секој граѓанин, за државата. Ние сме убедливи фаворити на овие избори и таа очигледна разлика ќе се потврди и на денот на изброите со победа и овде, во Петровец, рече Лукаревска.