Во интервју за турската РТВ ТРТ, Лукашенко изјави дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде постабилен.
Тој објасни дека Минск и Москва ќе ги имаат предвид сите грешки на Европската унија, за да не ги повторат, и дека ќе користат позитивни искуства.
– Второ, ние излеговме од иста држава – Советскиот Сојуз и знаеме што да зачуваме од советското минато, а што нема да ни користи, додаде белорускиот претседател.
Лукашенко посочи дека процесот на интеграција на двете земји ќе биде прогресивен и нема да биде врзан за никакви временски рокови.
Русија и Белорусија потпишаа Договорот за Сојуз меѓу двете земји во 1997 година, а главни цели беа зајакнување на соработката и стабилен развој врз основа на меѓусебно обединување на потенцијалите