– За жал заразените кај кои е регистриран сојот омикрон завршуваат во болница и најмалку еден пациент кој се заразил од овој сој почина, истакна Џонсон.

Британскиот премиер истакна дека треба да бидат внимателни.

– Идејата дека ова е на некој начин поблага варијанта на вирусот треба да се стави на една страна, а од друга страна да се гледа пошироката слика и како тој забрзано се шири. Најдоброто нешто што можеме да направиме е да примиме бустер доза – изјави британскиот премиер.