Ваквата одлука на Мадрид доаѓа откако Берлин, Лондон, Париз и Рим ги откажаа традиционалните свечености, потсетува Си-Ен-Ен.

Организаторите во Мадрид ја ограничија прославата на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во центарот на градот на 7.000 луѓе, што е приближно 60 отсто од публиката што се очекуваше во 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19. Сепак, присутните ќе мора да носат маски за лице и да ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање, соопштија организаторите.

Шест регионални влади во северна Шпанија претходно се согласија да ги координираат напорите за порано затворање на рестораните, баровите и ноќните клубови. Во ситуација на пандемија и во обид да ги натераат луѓето да останат во своите домови, Барселона и Валенсија ги откажаа огнометите.