Тие велат дека се чувствуваат како сираци без татковина,
Македонецот Иван Величковски кој живее во Србија денеска во Министерството за внатрешни работи поднел барање за македонско државјанство, но бил одбиен иако дедо му е роден во Македонија, за што поднел извод од матичната книга на родени, објави Партијата на Македонците во Србија. Образложението било дека дедо му немал македонско државјанство, кое не можел ниту да го има бидејќи бил роден во 1933 година, а до 1991 немаше македонски државјанства. Величковски е стипендист на Владата на Република Северна Македонија, како Македонец од Србија и член на претседателството на партијата на Македонците во Србија.
Во Македонија идната недела ќе се знае што ќе договори власта со Алтернатива и Алијанса за Албанците за Законот за државјанства. Премиерот Зоран Заев очекува на почетокот на следната недела да се најде решение за измените и дополнувањата на Законот за државјанство, предложени од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Тој изјави дека многу од дилемите поврзани со измените на законот се решени, а деталите треба да бидат разработени од министерствата за внатрешни работи и за правда.