Во текот на вчерашниот ден, на мажот му се слошило по што бил хоспитализиран. Перишиќ вели дека не е позната причината зошто му се влошила состојбата на пациентот, но вели дека тоа не е поради срцеви проблеми, пренесуваат од „Јужне Вести“.

-Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени, вели Перишиќ.

Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.

Во текот на викендов поголем број македонски граѓани се вакцинираа во Србија. Во саботата во Ниш започна и вакцинирањето на бизнисмените од регионов како резултат на договорот меѓу стопанските комори.

Како што информираат „Јужне вести“, освен овој случај, друг застој во процесот на имунизација немало и дека во Ниш се вакцинирани околу 4 илјади лица.