Македонската фудбалска репрезентација вчера пристигна во Амстердам каде го одработи првиот тренинг во пресрет на натпреварот против селекцијата на Холандија.
Како што објавија спортските портали, утрово репрезентативците го започнаа вториот тренинг, но без капитенот Горан Пандев, кој се пожалил на болка во зглобот.
Натпреварот против Холандија го играме во понеделник од 18:00 часот, па од таборот на репрезентацијата веруваат дека капитенот ќе биде спремен до тогаш.