Скопје, 2 март 2025 – Македонија нема Закон за сајбер безбедност, што ги остава институциите изложени на чести сајбер напади, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за РСЕ. Заштитата е нерамномерна, а државата заостанува зад регионот и Европа. Новиот закон, планиран за јуни, треба да го реши овој проблем.

Сабјер безбедност и заштита на институциите

Андоновски истакна дека институциите сами одлучуваат за својата заштита. „Ако некоја институција реши да се заштити, таа го прави тоа“, рече тој. Но, без законска обврска, многумина остануваат незаштитени. „Ова доведува до чести сајбер напади“, додаде министерот. Заштитата моментално е „ад-хок“, без системски пристап.

„Овие се проблеми што сите институции ги решаваа на импровизиран начин. За разлика од другите закони, во прописите поврзани со сајбер безбедноста досега не постоеја прекршочни одредби ниту инспекциска контрола за да се следи дали тие правила се спроведуваат. Со измените што ги воведовме сега и со новиот Закон за сајбер безбедност, Министерството за дигитална трансформација ќе го надгледува тој процес и, доколку е потребно, ќе изрекува казни таму каде што забележуваме дека институциите не ги исполнуваат обврските“, заклучи Андоновски.

Отсуство на законска рамка

Македонија е меѓу ретките држави без Закон за сајбер безбедност, за разлика од регионот и Европа, каде такви закони постојат од пред 13 години. „Најверојатно до јуни ќе го донесеме“, изјави Андоновски. Законот ќе биде „патоказ“ за подобра заштита на институциите и ќе воведе унифицирани стандарди.

„Нажалост, нашата земја сè уште нема Закон за сајбер безбедност, додека сите држави во регионот и Европа ги усвоија своите закони пред 13 години. Сега вложуваме труд да го донесеме тој закон, веројатно до јуни месец. Тој ќе ни служи како водич за тоа како да постапуваме во заштитата од сајбер закани. Моментално, заштитата што ја обезбедуваме во сајбер просторот е импровизирана. Ако некоја институција одлучи самостојно да се обезбеди, таа го прави тоа. Сепак, сè уште не постои обврска сите институции да го сторат истото, па затоа се соочуваме со оваа нееднаквост, поради која одредени институции често стануваат цели на сајбер напади.“

Милиони потрошени без резултат

На прашањето за потрошените милиони евра, министерот откри пропусти. „

Над 20 институции купувале руски антивируси“, рече тој. Многу работеле со истечени лиценци, а податоците на граѓаните се чувале на незаштитени сервери. „Институциите не се грижеле за безбедноста на податоците“, додаде Андоновски.

Нови мерки и контрола

Новиот закон ќе донесе промени. Министерството за дигитална трансформација ќе го надгледува спроведувањето. „Досега немавме прекршочни одредби и инспекциски надзор“, објасни министерот. Со законот, институциите што не ги почитуваат правилата ќе се казнуваат, обезбедувајќи поголема одговорност.

 

Извор: Kurir