Македонија, Црна Гора и Бугарија му забранија прелет на авионот со кој рускиот министер Сергеј Лавров утре треба да стигне во Белград, објавија Србите.

Веста први ја објавија српските медиуми, а премиерката Ана Брнабиќ кажа дека доаѓањето на Лавров е комплицирано поради ситуацијата во регионот.

Од кабинетот на претседателот Александар Вучиќ стигна најава дека утре во 10 часот ќе има состанок со рускиот амбасадор во Белград.