Успешен почеток на годината Пендаровски им посакува и на останатите ученици.

– Драги првачиња, среќно! Успешен почеток на новата школска година им посакувам и на сите други ученици. И годинава, за жал, ќе учите во невообичаени околности. Ќе ви биде ограничено дружењето, заради почитување на мерките за заштита од ковид. Но, верувам дека оваа учебна година ќе ви донесе и убави нешта, како и нови пријателства, напиша Пендаровски.