Денес црн петок, Македонија е во црно. 50 починати поради ковид. Тажен ден, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Станавме земја во која министри шетаат на одмори, се бара провизија за вакцини, преку викенд возат мотори, а кога не го прават тоа летаат со хеликоптери, и сето ова додека народот умира.
50 починати е цела една зграда, цел еден блок, една градска улица со куќи кои се зацрнуваат. Задоцнија од власта со реакцијата, немаат систем, ниту план.
Народот е препуштен сам на себе. Оваа влада треба да падне, тоа е единствената шанса за да работите тргнат кон подобро, напиша тој.

 

Денес црн петок, Македонија е во црно. 50 починати поради ковид. Тажен ден.

Станавме земја во која министри шетаат на…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, April 2, 2021