Радев изјави:
-Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со Северна Македонија на врвот
Бугарскиот претседател вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за Северна Македонија, јавија вчера бугарските медиуми. Тој вчера вечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка.
Денешниот и последен ден од ЕУ самитот ќе биде посветен на борбата против Ковид-19, вакцинацијата и сертификатите кои треба да овозможат слободно движење за граѓаните на ЕУ пред почетокот на туристичката сезона.
Радев предупреди дека овие сертификати не треба да создадат нови бариери, обврски и дискриминација помеѓу граѓаните на ЕУ.