Македонската одбојкарска репрезентација со очекувано убедлив пораз од 3-0 (25-20, 25-12, 25-15) од Италија го заврши настапот на Европското првенство во кое постигнавме историски успех со пласман во нокаут фазата.
Беше јасно дека не можеме да се надигруваме со актуелниот европски и светски шампион, селекцијата на Италија, па денешниот осминафинален меч беше само круна на настапот на одбојкарите на Европското првенство.
Одлично се носевме во првиот сет во кој стигнавме до 20 поени, во следните два не беше така, вториот сет Италија го доби со 25-12, а во третиот беше подобра со 25-15.
Најефикасен во нашиот состав беше Александар Љафтов со девет поени, еден помалку имаше капитенот Никола Ѓоргиев.
Денешниот пораз беше убедлив, но впечатокот кој го остварија македонските одбојкари на ова Европско првенство е позитивен. Зацртаната цел ја остваривме, ја минавме групната фаза и испишавме наша историја во овој спорт.