Мнозинството акционери на вчерашното годишно собрание им изгласале недоверба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата, поради нетранспарентност и се незадоволни од нивното работење.
Управниот одбор на „Реплек“ го сочинуваат: Иван Туџаров – претседател, Душан Пецовски, Даница Зимбакова, Сузана Милошевска и Лилјана Макрадули.
Во Надзорниот одбор се: Алесандар Томовски – претседател, Иван Соколов, Адела Николовска, Томислав Димовски и Анастасија Јоксимовиќ.