МАКЕДОНСКАТА УНИЛАТЕРАЛНА ИЗЈАВА СРАМ ЗА ДИПЛОМАТИЈАТА, ЗА МАКЕДОНСКАТА НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ, ЗА СОБРАНИЕТО И ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ, ВООПШТО!, пишува проф. д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Во продолжение нејзиниот став
Не знам кој го пишувал текстов, но прво е неписмено напишан (не е лекториран). Само неколку примери што ми паднаа в очи: на стандарден македонски јазик не се вели „согласно сознанијата“, туку „во согласност со сознанијата/согласно со“, не се вели „било какви“ туку „какви било“, се пишува македонски народ, а не Македонски народ итн.
Второ – се коси со Резолуцијата од нашето Собрание во која се вели: „Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.“ Во текстов гледам сЕ, само не и рамноправност и почитување достоинство на македонскиот народ.
Трето, содржински е катастрофален и оди на рака на бугарската страна. Зошто? а) Зашто историјата на македонскиот јазик не започнува од 1945 година, туку уште со Моравската мисија за чии цели бил создаден старословенскиот јазик врз македонски говори од околината Солун.; б) Дијалектното просториње на македонскиот јазик оди и преку државните граници на Република Македонија (во Пиринска и Егејска Македонија, како и во пограничјето со Албанија и Косово).
Четврто, кардинална неточност е дека македонскиот јазик бил „признат“ на Третата конференција на УНГЕГЕН во Атина 1977 година. Што е признато овде, ќе видите во коментарите подолу.
Ова што го кажувам ќе ви го каже секој чесен и достоинствен македонист, кој работи во полза на својата на професија, а не во полза на разнебитената политичка партија која на ситно ја распродаде Македонија за „туѓи бели дворови“. Од денес, ние, Македонците, ќе си `ргаме како робови благодарение на нив!, пишува Јачева Улчар.