На 8 мај во Врање македонски дипломати ќе се вакцинираат против ковид-19, како резултат на соработка на Македонскиот дипломатски синдикат и Синдикатот на Министерство за надворешни работи на Србија, велат за МКД.мк од Македонскиот синдикат. Поддршката од колегите во Белград дојде по иницијативата на македонскиот синдикат за воспоставување синдикална соработка со струковите синдикални организации од дипломатиите во регионот.

Преку вакцинација и ревакцинација во Србија, македонските дипломати и дипломатски службеници ќе го решат проблемот со нивна имунизација, откако Министерството за надворешни работи не беше агилно здравствените власти оваа категорија на граѓани, со бројни контакти како во земјава, така и во странство, да се најдат на приоритетните листи од „критичната инфраструктура“.

МКД.мк веќе пишуваше минатиот месец дека во македонското МНР коронавирусот е длабоко навлезен и дека и покрај ротациите на вработените, речиси половината од нив или се заразиле или беа и се во изолација, што според синдикатот, се должи како на бројните контакти дома и во странство, што го налага службата, така и заради лошата организација на работата и неприменувањето на онлајн-работа таму каде што е тоа можно. Синдикатот расправаше за овој проблем на крајот од март во насока дека ако нема слух од МНР и македонските власти, помош да се побара во странство.

Целиот текст на следниот ЛИНК