Македонската фудбалска репрезентација до 19 година загуби попладнево од Босна и Херцеговина (БиХ) со 2-0 (1-0) во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции во Скопје.
Првиот погодок противникот го постигна во 43. минута од дуелот, кога искористи грешка на македонскиот голман Теодор Николовски, а стрелец на погодокот беше Муамер Хамзиќ.
Во 57. минути, Нико Ковач по соло акција му асистираше на Давид Чамбер кој биеше прецизно за 2:0.
Вториот контролен дуел меѓу двете репрезентации ќе се одигра в четврток, исто така, на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Дуелите против БиХ за избраниците на селекторот Тони Јакимовски се завршни подготовки пред мартовските елитни квалификации во Скопје за пласман на Европската првенство на кои за противници ќе ги имаат селекциите на Украина, Латвија и Швајцарија.