Mакедонскиот скијач, Виктор Петков, имаше одличен настап на Државното првенство на Србија, каде што учествуваа скујачи од седум држави.
Петков го освои второто место во дисциплината велеслалом, како и четврто и петто место во двете слалом трки.
Со ваквиот настап во Србија, 23-годишнит Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона, којашто е во својот финиш.
До крајот на сезоната има уште неколку трки, на кои Виктор се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.