Македонскиот совет на амбасадори упати сочуство до госпоѓата Невена Јовановиќ, амбасадор на република Србија во Македонија

Писмото го пренесуваме во продолжение

Ваша Екселенцијо,  
Почитувана госпоѓа амбасадор, 
Во овие тешки моменти за српскиот народ, дозволете ни во име на македонскиот Совет на амбасадори да Ви упатиме најдлабоки изрази на сочувство. Со огромен шок и неверица ја примивме веста за огромната трагедија во Белград која што заврши со загуба на млади животи и на образовни работници. Ова е настан без преседан во историјата на целиот регион. Во овие страотни моменти верувајте дека Вашата земја не е осамена и дека целиот Балкан ја дели болката и тагата заедно со граѓаните на Србија и со целото српско општество.  
 
Македонски совет на амбасадори 

Скопје, 03.05.2023 година