На завршниот ден од Европскиот куп, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во дисциплината 3.000 метри, истрчувајќи ја патеката во време од 8:06.66. Македонскиот атлетичар мина трет низ целта, зад Џордан Гусман од Малта (7:53:70) и Србинот Елзан Бибиќ (7:55:51).

Државниот рекорд во дисциплината 5.000 метри го собори и Адријана Поп Арсова, истрчувајќи ја патеката за 17:42:08 минути.

Претходно на Европското екипно првенство во Лимасол нов македонски рекорд на 400 метри со пречки постави и Дрита Ислами со време од 57:53 секунди.