Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија на крајот на февруари ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Светскиот шампионат чии домаќини се Јапонија, Филипини и Индонезија.
Црвено жолтите на крајот на овој месец во таканаречениот прозорец, ке одиграат двомеч со селекцијата на Грузија.
Најпрво на 24-ти Македонија ке и гостува на Грузија во Тбилиси а само три дена подоцна Грузијците ке бидат гости во Скопје. Македонија сеуште се надева на добар пласман иако по првиот прозорец во ноември претрпе два порази, најпрво во Скопје од актуелниот светски првак Шпанија со 94-65, а подоцна и од украина во киев со 78-61. За разлика од нас, Грузија во двомечот со Македонија ке влезе со пораз од Шпанија со 89-61 но и со триумф над Украина со 88-83.
Доколку бидат комплетни, Грузијците секако ке бидат фаворити и во двата дуели со Македонија но сепак шансата за пласман во втората фаза од мундијалските квалификации се токму против Грузија и Украина, под претпоставка дека шпанија ке продлжи со доминацијата во групата.