Првото полувреме ѝ припадна на Украина која доминираше на теренот и создаваше шанси. Во 25. минута Мудрик ја погоди и пречката од нашиот гол.
Резултатот беше отворен во 42. минута кога Мудрик испрати центаршут, топката дојде до Сирота кој погоди за водство на Украина од 1-0.
Во 58. минута Украинците направија една голема грешка која ја казни Томче Гроздановски и израмни на 1-1.
Следуваа неколку можности за комплетен пресврт преку Хајдари и Станковски, но не успеавме да дадеме уште еден гол.
Украина може да жали за трите бода бидејќи во 92. минута Бондаренко ја погоди пречката од голот на Денковски.
Следниот меч на македонските надежи е во вторник кога во Скопје доаѓа репрезентацијата на Франција.