Клупата работи на сончеви панели, кои се поставени како нејзин кров, а на клупата може да се полнат мобилни телефони, лап топи, да се слуша радио, да се постават светлечки тела, рекламни паноа и слично кои како извор на енергија ќе го користат сонцето.

-За овој проект ни беа потребни 3 месеци да го изработиме, но поради ковид состојбата и кризата не можевме истиот да го реализираме и промовираме како што треба, па затоа ни се продолжи рокот цели 2 години. И сега еве добиваме готов производ и се надеваме дека можеме да го презентираме секаде и дека може да има интерес за него, рече Јована Мискоска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

Овој проект е финансиски поддржан и од Фондот за иновации, со чии претставници учениците денеска/вчера имаа и видео презентација на која го ја промоцираа иновацијата.

-Се употребува најмногу оваа клупа за полнење на телефоните, полнење на лап топи, односно се што се полни со кабел. За лед ламби, за диоди, за приклучување на неа на рекламни паноа и слично, додаде Елеонора Тренкоска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

Професорот Сашо Кочоски е горд на младите таленти, особено што станува збор за средно медицинско училиште, а ова е една од најактивните физички секции во државава.

-Сега се надевам дека истата ќе ја промовираме и во училиштата, се надеваме на интерес и на локалната самоуправа, па може да се понуди да биде поставена во разни паркови, па дури и на планина, каде има сонце, а нема достап на струја, односно електрична енергија, каде планинарите може да одмораат на неа и во исто време ако имаат потреба да си го наполнат својот мобилен, таблет, лап топ или слично, истакна Сашо Кочоски, професор во СОУ „Ѓорче Петров“.

Нареден проект на кој работат е креирање на безбедносен елек за велосипеди, кој со стрелки покажува во која насока ќе врти велосипедистот.

-Станува збор безбедносни елеци кои ги користат велосипедистите, моторџиите, за да не дојде до несреќа, за заштита во сообраќајот, вели Николче Шаниноски, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

Учениците се надеваат дека овие нивни иновации и понатаму ќе наидуваат на поголема помош од државата.