Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против Црна Гора го продолжува настапот на Европското првенство во Дебрецин.
По стартниот пораз во четвртокот против Словенија (25:27), триумф против вториот балкански противник во групата А ќе биде неопходен за македонските ракометари да ги задржат шансите за пласман во следната фаза пред завршниот натпревар против светскиот првак Данска.
Македонската репрезентација од вчеравечер е посилна за голманот Никола Митревски, кој по прележаниот коронавирус со овации беше пречекан од репрезентативните колеги во Дебрецин.
Второто коло во Групата А ќе се комплетира со дуелот меѓу Данска и Словенија вечерва од 20:30 часот.