Францускиот претседател Емануел Макрон, во денешниот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ги осуди ракетните напади на движењето Хамас и оцени дека „Израел има право да се брани“.

Како што е соопштено од Елисејската палата, Макрон изразил загриженост и поради страдањата на цивилите во Појасот Газа.

Судирите меѓу Израел и Палестинците траат веќе петти ден, а досега на палестинската страна загинале повеќе од 100 луѓе и осум на израелската.