За Максим Димитриевски велат дека во моментов е најпопуларниот политичар во Македонија. Во интервјуто за „Република“ тој нагласува дека таквиот впечаток за него е голем комплимент кој мора да го оправда во иднина.

Се надева дека новото движење „За нашите граѓани“ ќе доживее успех бидејќи граѓаните тоа го препознаваат.

 

Целта на движењето е да излеземе од црно-белиот свет. Политичките субјекти се менуваат, или се левите на власт или се десните, а ништо не се менува туку само се влошува. Имаме цел да ги предизвикаме граѓаните и да им дадеме можност директно да учествуваат во едно граѓанско движење кое ќе биде насочено од граѓаните кон граѓаните и ќе генерира сериозни политики што ќе донесат подобро утре, зголемување на БДП, создавање на самоодржлива држава, доволно производство на храна за да се прехраниме, доволно енергија и развој на економијата. Без економија нема стабилна и силна држава. Потребно ќе биде да ги повлечеме националните црвени на државата, а со тоа и да го обединиме македонскиот блок и да потпишеме стратешки документ без да се гази по нашиот национален идентитет.

Димитриевски најавува и учество на изборите.

 

Ние планираме да излеземе на изборите како политичко и граѓанско движење и да не ги делиме граѓаните по политичка определелба но повеќе од јасно е дека по завршување на изборите ќе мора да се дефинираме како политички субјект. Тоа ќе го разговараме со нашето членство и ќе ги донесеме одлуките.Тој што ќе влезе во ова движење нема да мора да се самоетикетира дека припаѓа на една или друга партија.

Предизборно не планираат да коалицираат со никого а после изборите ќе размислат.

Предизборно планираме да настапиме со граѓаните. Сметаме дека ќе освоиме сериозен резултат ама не сакам да зборувам за број на пратеници .Очекувам голема поддршка од граѓаните а веднаш по завршувањето на изборите ќе оставиме простор за коалцирање со тие кои ќе прифатат најголем дел од нашите програми.

Димитриевски е разочаран од моменталната власт.

Оваа власт ја навлече државата во една тешка катарза, една голема безидејност и фрустрациите кај граѓаните се секојдневни а резултатите на економски план погубни.Прв пат имаме зима во која не знаеме како ќе заврши, буџетот на семејствата е мал а потрошувачката голема.Ако платата не е доволна да се помине месецот тогаш оној кој управува со државата треба да се запраша каде греши.Од оваа власт не гледаме дека испорачува нешто конкретно. Јас верував во едно општество за сите и дека тој концепт може да биде спроведен.Оваа власт тој концепт го спроведе како општество за поединци.Поединци во власта живеат прекрасно, ги уживаат сите привилегии. На крајот на краиштата работите не врват и час поскоро ова мора да го промениме.

Тој сепак не е разочаран од СДСМ што не го поддржа на локалните избори.

 

Не сум разочаран, политиката е жива материја и животот оди понатаму. Како човек се имам вложено во таа партија.Официјално се водам во евиденција на членство иако бев исклучен од нивна страна нестатутарно.Јас не сакам да зборувам за минатото бидејќи во СДСМ има и прекрасни луѓе но имаме раководство кое ја приватизираше партијата и ја ставија во нивна функција. Тие функционираат како акционерско друштво или како приватна фирма и тоа е недозволиво.

Димитриевски не бега од одговорност што го донесе Заев на власт.

Секако дека не може да се бега од одговорност.Јас бев составен дел од тој тим , силно верував во тие идеи и во движењето “нема правда нема мир“ и во концептот „едно општество за сите“ но во одреден период се разочарав бидејќи очекував дека нешто ќе се промени нешто.Во континуитет се напаѓаа тогашните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Од моментот кога се дојде на власт се претворивме во нешто полошо.Секоја власт како и да дојде владее уште полошо од претодната.Убеден сум дека нема да биде случај со нашето движење и ќе работиме отчетно и транспарентно како што работиме во Куманово. Дефинитивно сум разочаран од Заев, инаку не би се пријавил да бидам независен кандидат.Кога ќе се разочарате од поединци , од сите оние дадени интервјуа, многу ветено малку остварено нормално е да се разочарувате. Но тоа е човекот, човекот еволуира низ својот процес на созревање.

Димитриевски исто така опиша и како е да се живее денеска во Куманово.

Во Куманово изобилува позитивниот дух но жал сите тие фрустрации што ги доживуваме како граѓани кога слушаме дека Куманово го ослободиле Бугари како ќе се чуствувате.Што ќе кажат нашите претци, баба ми е уште жива 94 години има и е жив сведок на историјата како ќе чуствува.Граѓаните се депримирани. Куманово е поинаков, многу граѓани работат за странски компании, донесоа сериозни пари.Се обидуваме да ја раздвижиме индустријата, отворивме нова индустриска зона, имаме две нови инвестиции, разговараме за уште една нова, во фаза е отворањето на новиот погон на Дрекслермаер.