Стопанската комора наМакедонија денес е модерна водечка бизнис асоцијација кај нас и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите. По повод годишнината, Управниот одбор на Комората на седницата одржана на 21.06.2023 година, донесе одлука за доделување на награди во неколку категории.

 

Наша делегација во состав м-р Зоран Јовановски, потпретседател, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и м-р Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за зелена агенда на Макстил АД Скопје на генералниот директор Марија Дуковска Павловска по повод годишнината на Комората.

Добивање на течен челик, препораките на глобално ниво за да се има „зелен челик“ е производството во електропечка, а тоа е еден од главните „адути“ на компанијата Макстил, а што истовремено е тенденција за остварување на голем број челичарници кои работат со железна руда.
Процесот на прилагодување на начинот на производство кој е пред многумина од производителите, Макстил успешно го применува веќе извесно време давајќи огромен придонес пред се во „зелената агенда“, поточно во зачувувањето на здравјето на луѓето и секако зачувувањето на животната средина.

Исто така, системот за отпрашување во челичарницата со чија помош влијанието врз загадувањето на воздухот е елиминирано, тоа е неспоредливо помало од законски пропишаните минимални вредности, како и од регулативата во Европската Унија. Во тој контекст се и последните квартални мерења на емисионите вредности на цврсти честички кои што покажуваат вредности помали од три до пет пати од пропишаните вредности.

Воедно во контекст на зелената агенда се исто така заложбите за спроведување на суштинска циркуларна економија и определбата за „нула отпад“, односно реискористување на сите нус-производи во процесот на добивање готов производ. Залагањата се секојдневни во контекст на елиминирање на отпадот и намалување на загадувањето, одржување на производите и на материјалите што е можно подолго во употреба и зачувување на природните ресурси.