Женската тениска репрезентација на Чешка стана нов шампион во престижниот Били Џин Кинг куп по победата над Украина во финалната пресметка во кинескиот град Шенжен. Чешките тенисерки славеа со севкупен резултат од 2-0 и стигнаа до вредниот пехар.

Во првиот натпревар од финалето, Каролина Мухова обезбеди предност откако ја совлада Ангелина Калинина во два сета со 6-2 и 6-3. Мухова покажа сигурна игра и не ѝ дозволи на противничката да се врати во мечот.

Конечната победа и титулата ги потврди Линда Носкова, која во вториот дуел беше подобра од Елина Свитолина со 2-0 во сетови. Со овој триумф Чешка го заокружи успешниот настап на завршниот турнир.