Европската фудбалска асоцијација одреди арбитри од Италија кои ќе го водат претстојниот меч меѓу Словенија и Македонија во рамките на Лигата на нации. Главен судија на пресметката што ќе се одигра на стадионот „Стожице“ ќе биде искусниот Андреа Коломбо.

Негови помошници крај аут-линиите ќе бидат сонародниците Џовани Бачини и Валерио Колароси. Дополнително, функцијата на четврти судија на овој меѓународен дуел му припадна на Матео Маркети.

Во собата за видео-анализа главната улога ќе ја има Мајкл Фабри, додека асистент во ВАР-системот ќе биде Федерико Ла Пена. Средбата од групата 1 во Лигата Б е предвидено да се одигра во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути.