Малолетно девојче е удрено од возило на булеварот „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром.
Несреќата, во која автомобил „фолксфаген“ удрил во девојчето, се случила попладнево околу 17 часот. Девојчето веднаш било пренесено во болница од каде се чекаат информации за здравствената состојба.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи увидот на местото на несреќата се уште трае, а детали се очекуваат по неговото завршување.
„На 07.12.2023 во 16:25 часот на булевар ‘Србија‘ спроти бензинска пумпа патничко возило ‘пасат‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза‘, каде била пренесена за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.