Во полициските станици Карпош и Гази Баба вчера двајца граѓани пријавиле каснување од куче, информираат од МВР.
На 25 март во 12 часот во Полициската станица Карпош М.К.(41) од Скопје, пријавила дека на Средно Водно нејзиниот малолетен син била каснат од куче скитник.
Истиот ден во 19 часот и 30 минути во Полициската станица Гази Баба З.М.(69) од Скопје, пријавил дека на улица „Лазар Поп Трајков” бил каснат од куче скитник.