На 25.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница од ЈЗУ Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки телесни повреди.

-Имено, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-с.Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и моторцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот, информира МВР.

По превземени мерки бил пронајден моторциклистот и утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од с.Лески-виничко.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.