Малолетно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која рано утринава се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево.
-На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта,општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место, информира МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.