На 16.02.2024 во 16:46 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, тој бил повреден од друг малолетник пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба.

Предметот бил пронајден, а со малолетникот бил извршен службен разговор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.