Тринаесетгодишно момче било пренесено во ГОБ „Свети Наум Охридски“ во Скопје, откако бил нападнат од родител на негов соученик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 15:38 часот во СВР – Скопје, од Јавна здравствена установа Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од С.Р. – родител на негов соученик – појаснија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот