Во раните утрински часови во гостиварската болница бил примен 16-годишен тинејџер со симптоми на алкохолно труење, потврдија од СВР Тетово.
Според информациите, во 02:45 часот по полноќ, Ургентниот центар во Гостивар пријавил во полицијата дека кај нив бил донесен 16-годишно момче со симптоми на алкохолно труење. По интервенцијата на лекарите, му била укажана медицинска помош.
„Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка алхохолот го консумирал во угостителски објект во Гостивар“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој нагласи дека полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за утврдување на околностите под кои малолетникот консумирал алкохол.
