На 13.04.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ со ул.„АСНОМ“ во Охрид, 71-годишниот Р.Г., управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.