За случајот е известен јавен обвинител за малолетници
Шеснаесетгодишник е осомничен дека со тврд предмет нападнал свој врсник во трговски центар во скопската општина Аеродром, а потоа физички нападнал и 25-годишен скопјанец кој се обидел да интервенира.
Од СВР Скопје информираа дека случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога 36-годишна скопјанка во полиција пријавила дека нејзиниот 16-годишен син претходната вечер околу 22 часот бил нападнат пред продажен објект во трговски центар.
Според пријавата, друг малолетник употребил тврд предмет при нападот, а потоа го нападнал и М.Д. (25) од Скопје, кој се обидел да го одбрани нападнатиот тинејџер.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот
Претходно истиот ден, околу 11:45 часот, и 25-годишниот скопјанец пријавил дека бил физички нападнат во трговскиот центар додека застанал во одбрана на малолетникот.
За случајот е известен јавен обвинител за малолетници, а полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
