Две лица се повредени откако 17 годишник од Косово со „Ауди“ ги повреди во сообраќајна несреќата. Лицата биле пешаци на крстосницата меѓу ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“. Малолетникот кој го управувал возилото бил од Косово, а неговиот автомобил бил на скопски регистарски таблички.

Малолетникот од Косово нема македонски документи. Останува нејасно како нема никакви документи ако се земе предвид фактот дека овде завршил образование. Скопје1 пишува дека допрва ќе се истражуваат причините како дошол малолетникот до возилото.

Тинејџер од Косово со „Ауди“ прегази пешаци во Скопје – двајца повредени

Истражување за полнолетното лице што му овозможило пристап до возилото

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага и против полнолетно лице, осомничено дека му овозможувало на малолетникот без дозвола да управува со автомобилот.

  • „Обвинителството утврди основи на сомнение дека полнолетно лице му овозможувало подолг временски период да вози без дозвола, поради што се оформува предмет и ќе се истражат сите околности,“ соопштија од ОЈО.

Мерки за претпазливост против малолетникот

Малолетникот, кој не поседува документи од Македонија, но живее и се школувал во земјава, доби мерки за обезбедување присуство.

  • „Против пријавениот, кој има постојан престој, се води постапка според Законот за правда за децата, а судот му наложи мерки – забрана за напуштање на земјата, редовно јавување на суд и забрана за управување возило,“ информира Обвинителството.

Здравствената состојба на повредените

Двајцата пешаци, кои се врсници на возачот, немаат сериозни повреди.

  • „Седумнаесетгодишната девојка е пуштена на домашно лекување, а нема скршеници,“ потврдуваат надлежните.

По овој случај се отвораат повеќе прашања. Дали малолетникот кој прегази две лица подолг период возел низ Скопје? Многу поважно: Како дошол до автомобилот?