Во СВР Охрид на 18 ноември 2026 година, во 11:30 часот, од основно училиште во градот било пријавено семејно насилство врз нивна ученичка. Според пријавата, единаесетгодишното девојче во семејниот дом било физички малтретирано од страна на нејзината мајка.

Надлежните полициски служби преземаат конкретни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на пријавениот настан.