Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска одржа несекојдневна прес-конференција посветена на 1-ви април, Денот на шегата. Во духот на празникот, Манасиевски со силен сарказам „призна“ дека СДСМ и нивните лидери Венко Филипче и Зоран Заев се „најчесните патриоти“ кои никогаш не го излажале народот.

Манасиевски ги наброја сите „успеси“ на претходната власт, од навременото носење вакцини до „намалувањето“ на цените, заклучувајќи дека денешниот датум е всушност официјален празник на опозицијата.

„На овој важен датум, мораме да признаеме дека СДС и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ. Честит 1-ви април – денот на СДС“, порача иронично Манасиевски.