Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е најплатениот играч во англиската Премиер лига. Триесет и седумгодишниот Португалец заработува 26,4 милиони фунти годишно (31,42 милиони евра). Оваа сезона одигра 27 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 16 голови и три асистенции.

На второто место е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне. Неговата годишна плата е 20,4 милиони фунти (околу 24,3 милиони евра).

Првата тројка ја комплетира голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, кој заработува 19,2 милиони фунти годишно или 22,84 милиони евра.

Четврти во рангирањето е напаѓачот на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо – 18 милиони фунти (21,4 милиони евра). Топ 5 го заокружува уште еден играч на Јунајтед, дефанзивецот Рафаел Варан, кој има 15,6 милиони фунти (18,6 милиони евра) годишно.

Така, во првите пет најплатени фудбалери во Англија има четворица фудбалери на Манчестер јунајтед, но и покрај ова, тимот се наоѓа на 6.место со заостанување за цели 26 бода од водечкиот Манчестер сити.