Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам со желба после еден месец пост, одрекување и молитва, празничните денови да ги поминат во добро здравје, среќа и благосостојба.

 

Во продолжение интегрален текст од честитката на вицепремиерот Маричиќ:

,,Честит Фитр Бајрам на сите сограѓани кои денеска го празнуваат најголемиот празник во исламот, со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан.

 

Нека вашите молитви и одрекувања во изминатиот месец на постот бидат поттик за градење пријателство, единство, хармонија и просперитетно општество за сите.

 

Светите и празнични денови се трајна инспирација за негување на вредностите кои нѐ поврзуваат, кои повикуваат на толеранција и разбирање, со обврска заеднички да ја зајакнуваме визијата за европска и модерна Македонија.

 

Единството е тоа што ќе нѐ движи напред и води кон напредок и кон подобра иднина за нашите деца.

 

Уште еднаш ви посакувам рамазанските денови да ви бидат наградени со милост и Бајрам да ви донесе здравје, среќа, спокој и благосостојба.

 

Bajram Šerif Mubarek Olsun!”, стои во честитката на Маричиќ.