Единаесет мигранти денеска биле пронајдени на автопатот А1, клучка Градско од страна на полицајци од полициската станица за граничен надзор Михајлово. Мигрантите биле пронајдени во патничко моторно возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки.

При преглед во возилот имало 10 мигранти од Конго и еден од Авганистан.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.