ЕУ е свесна за своите грешки, но да ја имавме оваа политика во 2008 година најверојатно веќе ќе бевме дел од ЕУ. Изјавите на Вархеји за одвојување немаат логика, знаеме во минатото, во 2019 кога Франција ја побара новата методологија, дел од државите не сакаа нас да не одвојат од Албанија. Ставот на Вархеји е негов, ќе мора да се заземе став, не гледам расположение во ЕУ да се направи раздвојување на двете држави, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во Студио 10 на ТВ24.

– Не ми делува едноставно раздвојувањето како концепт. Може да се зголеми евроскептицизмот, ова е борба за кредибилитетот на Европската Унија, Австрија и Германија и другите се трудат да се на Балканот, да праќаат пораки. Не е тајна дека Вархеји е од партијата на премиерот Орбан, не е мое да го коментирам неговото однесување, треба да се даде шанса на неговото дејствување. Имаме коректна соработка со него. Волја за проширување има, но темата таму не е толку популарна. Ние бараме да почнеме преговири, треба на тоа барање да опстоиме, опкружени сме со земји членки. Нема друга посериозна политика за нас од членство во ЕУ, се друго ќе отвори можност за нон-пејпери, оцени Маричиќ.