Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум примени пациенти и четири билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 95 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември, како што посочуваат од Министерството, има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има пет пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има пет болни.

Вкупно 319 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија, додаваат од Министерството, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 19 во Кичево девет, Кавадарци 24, а во Гевгелија шест лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 748 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се вели во соопштението.