Судењата на далечина или онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, покажуваат анализите на Работната група за дигитализацијата при Министерството за правда.

Дополнително, како што објави министерот за правда Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил, на овој начин се намалуваат трошоците.

– Само со 15 институции приклучени на системот за интероперабилност ќе се заштедат 15 милиони евра на годишно ниво, или 2,5 тона хартија, односно 3.000 дрва, напиша министерот Маричиќ.