-Сакам да ја информирам јавноста дека во рамките на Работната група на Министерството за правда за изготвување нов Кривичниот законик вградуваме ново кривично „Безобзирно управување со моторно возило“ за што се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на ублажувањето на казните и условна осуда за тешки дела во сообраќајот, како што посочи Министерот за правда, ќе иницира дебата во рамките на Работна група и тоа во однос подобрување на законските решенија и елиминирање на можните злоупотреби во ова насока, како и анализа на примената на постојните одредби од страна на судовите и Јавното обвинителство, секако во однос на кривичните дела поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Маричиќ додаде дека на истиот состанок ќе бидат поканети и претставници на Врховниот суд, Јавното обвинителство и Судскиот совет.
Маичиќ синоќа на својот Фејсбук напиша дека како Министер за правда, но пред се како човек и родител не може да биде рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени.
Очекувам, напиша Маричиќ, праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај.