Судот ја осуди Ле Пен, но казната останува непозната

Француски суд утринава ја прогласи Марин Ле Пен виновна во случајот за проневера на европски фондови. Сепак, не е објавена нејзината казна, ниту како пресудата ќе влијае на нејзината политичка кариера.

Обвиненија за злоупотреба на европски фондови

Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија Национално собириство се обвинети за неправилна употреба на фондови на Европската унија. Тие наводно користеле средства наменети за парламентарни асистенти за финансирање на партиски персонал меѓу 2004 и 2016 година, што е спротивно на правилата на ЕУ.

Обвинителите бараат строга казна

Јавните обвинители предложија:

  • Условна затворска казна од 5 години

  • Парична казна од 300.000 евра

  • Забрана за вршење јавни функции во период од 5 години

Политичките последици за Ле Пен

Најголемата опасност за Марин Ле Пен е можноста да ѝ биде веднаш забрането да се кандидира за претседателските избори во 2027 година. Ако судот донесе таква одлука, тоа би значело крај на нејзината политичка кариера, што таа го нарече „политичка смрт“. Оттука се отвораат многу прашања, а повеќе може да прочитате од текстот во продолжение:

На Марин Ле Пен ѝ се заканува казна затвор од 2 години: Нема да може да кандидира за претседател во 2027 година?

Ле Пен и нејзините сооптужени ги негираат сите обвиненија, а исходот од случајот може длабоко да ја промени политичката сцена во Франција.